6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукаку може да оди во Тотенхем, само ако Коста дојде во Челзи!

Лукаку може да оди во Тотенхем, само ако Коста дојде во Челзи!

lukaku everton2

Ромелу Лукаку ќе добие дозвола да премине во Тотенхем во текот на летото, но само ако Челзи успее да го привлече Диего Коста од Атлетико Мадрид.

Жозе Мурињо има голема желба да се засили со шпанскиот голгетер, кој е приоритет за него за летниот преоден рок.

Во моментов Лукаку игра под наем во Евертон и „Специјалниот“ нема против да се раздели со Белгиецот, но ќе го стори тоа само ако пред тоа доведе двајца други напаѓачи.

Челзи го купи Лукаку од Андерлехт во 2011-та за 18 милиони фунти, а сега се очекува бараната цена да биде минимум 20 милиони, најмногу поради успешните настапи на напаѓачот во Вест Бромвич и Евертон.

За фаворит за неговиот потпис се смета Тотенхем. Евертон исто така сака да го задржи Белгиецот, но тоа најмногу зависи од нивниот пласман за Лигата на Шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП