2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУбедливи победи за Реал и ПСЖ

Убедливи победи за Реал и ПСЖ

roni

Екипите на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен се наоѓаат пред пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако синоќа славеа убедливи победи над своите ривали во 1/4финалната фаза.

Реал во Мадрид со 3:0 ја совлада Борусија Дортмунд со головите на Герет Бејл (3.минута), Иско (27) и Кристијано Роналдо (57) за кого ова беше јубилеен 100.ти меч во елитното натпреварување.

Нешто понеизвесна беше средбата во Париз каде домаќинот ПСЖ оствари предност од 3:1 против премиерлигашот Челзи.

Головите за парижаните ги постигнаа Езекиел Лавеци (4.минута), Давид Луиз (автогол 61.минута) и Хавиер Пасторе (90+3). За „сините“ од Лондон погодокот го постигна Еден Азар од пенал во 27.минута.

Во вторникот се одиграа првите две четвртфинални натпревари и на нив немаше победник: Барселона – Атлетико Мадрид 1:1 и Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен 1:1.

Реваншите се закажани за 8 и 9 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП