26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамшик си заминува од Наполи!?

Хамшик си заминува од Наполи!?

Lecce vs Napoli

Според италијанските медиуми, ѕвездата на Наполи Марек Хамшик сака да го напушти клубот. Репрезентативецот на Словачка веќе не се чувствува среќен на „Сан Паоло“ и сака трансфер во поголем тим.

Неговиот агент Мино Раиола веќе си постави за цел задоволување на желбата на својот клиент.

Во текот на зимата Хамшик неколку пати веќе беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед.

Покрај Словакот, незадоволен е и голманот на Наполи, Пепе Реина. Шпанскиот голман настапува како позајмен играч во редовите на тимот од Неапол, а тој е во сопственост на Ливерпул. Сепак тренерот Рафаел Бенитез сака да го купи Шпанецот за постојано, дури имало и официјална понуда од клубот испратена до раководството на „црвените“.

Платата, која му била понудена на Реина е во висина од 2,5 милиони евра плус бонуси, сепак желбата на 31-годишниот Шпанец е 3,5 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП