18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРумениге: Ќе му понудиме нов договор на Манџукиќ

Румениге: Ќе му понудиме нов договор на Манџукиќ

mandzu_rummenigge

Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ најверојатно ќе го продолжи својот договор со Баерн Минхен, навести шефот на баварскиот клуб, Карл-Хајнц Румениге.

Местото на 27-годишниот напаѓач во составот на тимот е загрозено со доаѓањето на Роберт Левандовски, но легендата на Баварците објави дека дуото едноставно ќе ја укине конкуренцијата во нападот на Баерн.

„Се сретнав со Марио и му реков дека сакаме тој да остане во Баерн. Тој изгледаше среќен и дефинитивно даде сигнал дека сака да продолжи да игра за нашиот тим и по летото“, изјави Румениге.

Според „Sport Bild“ преговорите за новиот договор на Хрватот ќе започнат во наредните денови.

Манџукиќ, Мануел Ноер, Филип Лаам и Бастијан Швајнштајгер имаат договори со клубот од Минхен до летото 2016-та година. Тие сепак ќе станат дел од акцијата на тренерот Пеп Гвардиола за масовно обновување на договорите на фудбалерите чии договори истекуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП