5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија (Д) вади понуда за голгетерот на Торино

Борусија (Д) вади понуда за голгетерот на Торино

imobile2

Раководството на Борусија Дортмунд продолжува да бара заменик на Роберт Левандовски, кој на крајот на сезоната ќе премине во Баерн Минхен.

„Жолто- црните“ речиси сигурно ќе го доведат во своите редови напаѓачот на Херта, Адријан Рамос, но тие сакаат да имаат повеќе опции во нападот, затоа својот интерес го насочиле кон голгетерот на Торино, Чиро Имобиле.

Според германските медиуми претставници на Борусија веќе отпатувале до Италија за да преговараат за 24-годишниот фудбалер, чии права ги делат Торино и Јувентус. Имобиле потекнува од младинската школа на Јуве, но не успеа да се наметне во првиот состав. Во оваа сезона сепак тој покажа дека е во одлична форма во дресот на Торино и има 17 гола во 27 натпревари во Серија „А“ и се наоѓа на второто место на листата на стрелците. Имобиле е проценет на 12 милиони евра, а дури може да се најде и во составот на Италија за СП 2014.

Идејата на шефовите на Борусија е да ги обезбедат неговите услуги пред неговата цена да стана уште поголема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП