2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо има најмногу фанови на фејсбук и твитер

Кристијано Роналдо има најмногу фанови на фејсбук и твитер

cr

Португалецот Кристијано Роналдо е нај популарниот фудбалер на социјалните мрежи.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Роналдо, според официјалните бројки на двете нај посетувани социјални мрежи „Facebook“ и „Tweeter“ има најмногу „фанови“.

Речиси 77 милиони „фанови“ ширум светот ја следат официјалната Фејсбук страна на Роналдо, што е за 22 милиони повеќе од неговиот најголем конкурент и лут ривал Лионел Меси од Барселона, кој има 55 милиони следбеници.

Зад нив е „пионерот“ на маркетингот во светот на фудбалот Дејвид Бекам со 36 милиони, а во „ТОП 5“ се и Бразилците Кака (скоро 27 милиони) и Нејмар (скоро 19 милиони).

Роналдо е феномен и на „Твитер“, каде има повеќе од 25 милиони луѓе, кој го следат неговиот профил, што е дури 15 милиони повеќе од Нејмар, а 17 милиони повеќе од Бразилецот Роналдиљо и Вејн Руни фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП