15 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона го доведува Џек Вилшер?

Барселона го доведува Џек Вилшер?

vilser13

Kаталонскиот гигант сака свежа крв во средниот ред, а изборот најверојатно падна на Џек Вилшер, шпекулираат англиските медиуми.

Веќе на самиот старт, потребно е со мала резерва да се земат информациите кои ги пренесуваат англиските медиуми.

Знаејќи ја поврзаноста на Вилшер со англискиот клуб, навивачката љубов која ја чувствува кон екипата во која пораснал, секој обид за сензационално поврзување со Барселона би бил неуспешен.

Сепак, веста не е првоаприлска шега, а може да се толкува преку одреден аспект на атмосферата која во Англија се созададе во врска со талентираниот англиски фудбалер.

Имено, Вилшер во последниве 18 месец има бројни и крајно сериозни проблеми со повредите.

Одреден дел од јавноста смета дека најдобро за Вилшер е да си замине од „Емирати“, дека тоа е во интерес за неговото здравје, но и во интерес за англискиот репрезентативен фудбал.

Како уште еден аргумент се истакнува и традиционалната (рас)продажба на играчи на Арсенал на каталонскиот клуб.

Тоа започна со Марк Овермарс, потоа продолжи со Емануел Пети, Тиери Анри и Цеск Фабрегас, а заврши заклучно со Алекс Сонг.

Дали ќе го убедат и Вилшер, останува да се види, а англиските извори тврдат дека од Арсенал ќе се согласат за евентуален трансфер, нормално со соодветна финансиска компензација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП