13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlstom ја продава германската филијала

Alstom ја продава германската филијала

alstom2

Француската компанија „Alstom“ ја продава германската филијала за производство на помошна опрама за електрани на инвестицискиот фонд „Triton Partners“ од Германија.

Продажната цена изнесува 730 милиони евра.

Освен во Германија, компанијата е активна и во САД, Јапонија, Кина, Индија, Бразил и уште неколку земји, каде вкупно се вработени околу 1.500 лица.

Приходите од продажбата на овие филијали годишно достигнуваат повеќе од 430 милиони евра, со двоцифрена оперативна маржа и со силни перспективи за раст, се вели во соопштението.

Комплетниот број на вработени ќе бидат префрлени, а операцијата би требало да биде завршена на крајот на првата половина од фискалната 2014-2015 година.

„Alstom“ е еден од светските производители на транспортни средства и опрема за електрани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП