28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи си заминува од Неапол?

Наполи си заминува од Неапол?

san paolo

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис рече дека стадионот „Сан Паоло“ се наоѓа во лоша состојба и најави можност за преселба на клубот од Неапол.

Првиот човек на моментално третопласираната екипа во Серија А го најави овој потег поради незаинтересираноста на првите луѓе на градот на пронајдат земјиште за изградба на нов стадион.

„Ќе разговарам со градоначалникот, па ќе видиме колку тие се грижат за нас и дали е потребно да си одиме од Неапол. Ако го напуштиме градот, градоначалникот ќе биде виновен за тоа. Уморен сум веќе од се, Италија е полна со закони кои ограничуваат и да бидам искрен е антидемократска“, вели Де Лаурентис.

Тој додаде дека и натаму има страст да го води клубот пред се поради навивачите и одговорноста која ја има кон нив.

Стадионот „Сан Паоло“ е изграден во 1959-та година и на двапати е реновиран, 1990-та и 2010-та. Инаку овој фудбалски храм може да прими 60.240 гледачи и е третиот по големина стадион во Италија, по „Сан Сиро“ и „Олимпико“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП