26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi го укинува Lancer Evolution X на крајот на 2014-та?

Mitsubishi го укинува Lancer Evolution X на крајот на 2014-та?

lancer mitsibushi

Според пишувањата на јапонските медиуми, „Mitsubishi“ до крајот на годината ќе престане да ја произведува актуелната верзија на моделот „Lancer Evolution“. Тоа што дополнително ќе ги вознемири фановите на овој автомобил е информацијата дека овој пат моделот „Evolution“ можеби воопшто нема да добие свој наследник.

Јапонскиот „Automotive News Daily“ објави дека „Mitsubishi“ има во план да го прекине производството на „Lancer Evolution X“ поради намалениот интерес од страна на купувачите, а од истата причина на пазарот нема да се појави неговиот наследник, „Evolution XI“.

„Mitsubishi“ серијата на моделот „Evolution“ ја лансираше во 1992-ра година. За нешто повеќе од две децении, колку што автомобилот е присутен на пазарот, беа прикажани десет „Evolution“ генерации. Во Јапонија вкупно се продадени околу 92.000 примероци, а ширум светот уште 154.000 aвтомобили.

Неодамна „Mitsubishi“ најави специјална серија „Lancer Evo X“, со ознаката „X FQ-440 MR“, која ќе биде достапна исклучиво на британскиот пазар. Автомобилот е опремен со 2.0-литарски четирицилиндарски турбо-бензинец со 446 ks (328 kW) и 558 Nm.

Со оглед на тоа дека за информацијата за укинувањето на „Lancer Evolution“ се уште нема официјална потврда, засега оваа ќе ја земеме со мала доза на резерва.

Од друга страна, иако „Evo X“ можеби нема да има директен наследник, според претходните најави „Mitsubishi“ сепак има во план нова спортска верзија на „Lancer“, која наместо конвенцијалниот бензинец би имала хибриден погонски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП