3 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФалкао не негира трансфер во редовите на „кралевите“

Фалкао не негира трансфер во редовите на „кралевите“

falcao_138

Колумбискиот напаѓач на Монако, Радамел Фалкао, призна дека е можно да се приклучи на Реал Мадрид, но не откри ништо повеќе. Во Шпанија се појавија шпекулации дека „Ел Тигре“, кој во моментов се опоравува од повредата, може да се приклучи на кралскиот клуб на крајот на сезоната.

Фалкао го напушти Атлетико Мадрид и отиде во Монако со трансфер во вредност од 60 милиони евра. Тој во новиот клуб се прикажа во солидно светло во првата сезона, но повредата во јануари го остави надвор од терените, а неговото учество на СП 2014 е под знак прашање. Додека се опоравува Фалкао живее повторно во главниот град на Шпанија, а навивачите на Реал се сигурни дека тој ќе се приклучи на тимот од „Бернабеу“ поради неговите амбиции за настап во Лигата на шампионите.

„Обожавателите со кои сум зборувал во Мадрид ми посакуваат да се опоравам брзо и се надеваат дека ќе играм на Светското првенство. Некои ме прашуваат дали ќе се приклучам на Реал Мадрид, но тоа се само можности. Во моментов единственото нешто што ме интересира е да закрепнам. Свесен сум за повредата и само сакам да се опоравам, за да играм во Монако и ако се квалификуваме за Лигата на шамионите, сакам да сум подготвен“, изјави Фалкао за шпанските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП