3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаследникот на Мојс ќе пристигне од Мадрид?

Наследникот на Мојс ќе пристигне од Мадрид?

dejvide mojccc

Се уште актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед може да има нов менаџер уште ова лето, а наследникот на Дејвид Мојс најверојатно ќе дојде од Мадрид.

Со најголема шанса за менаџерската функцијата според гласините е тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој го предводеше Челзи и има искуство со фудбалот на Островот.

Италијанецот не ужива посебна љубов од страна на навивачите, иако се уште има шанса да ги освои трите титули со „кралевите“ (Примера, Купот на кралот и Лигата на Шампионите).

Како евентуален заменик на Мојс се споменува и Аргентинецот Диего Симеоне кој го прероди Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ во моментов се лидери на таблета во Шпанија, а во Лигата на шампионите веќе утре во рамките на четвртфиналето ќе ја одиграат првата средба со Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП