28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико ја губи битката за Куртоа

Атлетико ја губи битката за Куртоа

tibo atletiko

Голманот на Атлетико Мадрид, Тибо Куртуа нема да ја продолжи кариерата на „Висенте Калдерон“ во следната сезона. Тоа го призна претседателот на „јорганџиите“ Енрике Серес.

Младиот Белгиец е сопственост на Челзи, а последните три години беше позајмен на мадриѓаните. Но, на крајот на оваа сезона, сепак тој се враќа во Лондон.

„Треба едно нешто да ни е јасно на сите и тоа е дека Тибо е сопственост на Челзи. Тој помина три одлични години кај нас и е многу среќен за тоа. Меѓутоа, сега тој е подготвен да се врати во тимот и да се бори за стартното место со Петер Чех. Неговата иднина очигледно не е кај нас и ни претстои сериозна битка во текот на летото за засилување на оваа позиција“, вели Серес.

Тибо Куртуа е сметан за еден од најдобрите млади голмани во светот во моментов. Токму поради оваа причина, Жозе Мурињо не сака да се раздели со него.

Но по се изгледа дека само голманот ќе е меѓу ѕвезди на Атлетико кои ќе си заминат во текот на летото. Другите остануваат, гарантира претседателот на шпанскиот клуб .

„Диего Симеоне сам ќе си комплетира составот и не е принуден да продава никого. Не треба да стравуваме од тоа дека големите европски клубови ги посакуваат нашите ѕвезди“, сподели уште Серес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП