3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКавани преговара со Јунајтед?

Кавани преговара со Јунајтед?

France Soccer League One

Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани во принцип се согласи да седне на преговарачка маса со претставниците на Манчестер Јунајтед.

Како што пренесува „Gazeta delo Sport“, уругвајскиот репрезентативец е подготвен во јуни да ја промени средината, по само една сезона помината во Париз.

Кавани е незадоволен од статусот во клубот и улогата на „втора виолина“, зад неприкосновениот Златан Ибрахимовиќ, кој нема намера да му ја препушти главната улога на пет години помладиот напаѓач.

Уругваецот лани пристигна од редовите на Наполи на „Паркот на принцовите“ во трансфер вреден скоро 57 милиони фунти. Тој оваа сезона одигра 24 натпревари во Лига 1, главно како крилен напаѓач, а притоа постигна 14 голови и пет асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП