7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го пушта Торес во Интер, нo како позајмен играч!?

Челзи го пушта Торес во Интер, нo како позајмен играч!?

fernando_torres_inter

Напаѓачот на Челзи, Фернандо Торес може да ја продолжи кариерата во Интер, објавија италијанските медиуми. Но раководството на лондонскиот клуб нема намера да го продаде, туку само да го отстапи на позајмување.

Како што е веќе познато, се очекува во летниот преоден рок „нероазурите“ да се обидат да ги зајакнат своите редови, а од порано се споменуваат имињата на Един Џеко и Алваро Мората, но варијантата со Торес изгледа најреална. Пред синоќешниот натпревар на „нероазурите“ против Удинезе (0:0), спортскиот директор Пјетро Аусилио ја коментираше потребата од привлекување на нов напаѓач:

„Јасно е дека бараме напаѓач. Сепак, не можеме да си дозволиме играчи со премногу висока плата. Ќе треба да сме доста креативни во својот приод за да го постигнеме тоа кон што се стремиме“, рече Аусилио.

Опција пред напаѓачот на Челзи е и да се врати во неговиот Атлетико Мадрид. Во сегашната сезона Торес постигна 4 гола во 22 натпревари од Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП