ИНТЕРЕСНО

Фудбалските тимови со најпродавани дресови во светот

Gareth Bale Officially Unveiled At Real Madrid

Фудбалските фанови го поддржуваат тимот во секој поглед. Еден од најчестите е да го носиш дресот на тимот. Продажбата на дресови е бизнис од неколку милијарди долари.

¾ од овој пазар е контролиран од двете најголеми компании во индустријата – „Adidas“ и „Nike“. За 2012-та од продажбата на само фудбалски дресови, двете фирми заедно имаат приходи во вредност од 4,2 милијарди долари.

Поради тоа не е изненадувачки дека и двете компании се согласуваат да плаќаат и по 50 милиони долари и повеќе за договор со голем фудбалски тим на година. Покрај официјалните спонзори на опремата, компаниите како „Emirates Airline“ и „Samsung“ плаќаат дополнителни 30 – 50 милиони долари, за нивното лого да биде на градите на играчите.

Погледнете кои се 10-те фудбалски екипи кои продаваат најмногу дресови:

1. Манчестер Јунајтед – 1,4 милиони парчиња годишно.

Прв пат имаме ист резултат. Тимот на „црвените ѓаволи“ е основан во 1878-та година. Производител на дресовите е „Nike“, а спонзор е „AON“. Од сезоната 2014/15 спонзор ќе биде „Chevrolet“.

1. Реал Мадрид – 1,4 милиони парчиња годишно.

Другиот тим на првата позиција е Реал Мадрид. Ги нарекуваат „лос бланкос“ поради белите дресови. Производител е „Adidas“, а спонзор е „Emirate Airlines“.

3. Барселона – 1.15 милиони парчиња годишно.

Боите на дресовите се исти како на каталонското знаме. Производител е „Nike“, а спонзор е „Qatar Airways“.

4. Челзи – 910.000 парчиња годишно.

Во 2003-та година тимот беше купен од рускиот милијардер Роман Абрамович. Дресовите се сини, а резервните бели. Производител е „Adidas“, а спонзор е „Samsung“.

5. Баерн Минхен – 880.000 парчиња годишно.

Ова е најуспешниот германски клуб со најмногу национални титули. Производител е „Adidas“, а спонзор е „Deutsche Telecom“.

6. Ливерпул – 810.000 парчиња годишно.

Дресот е црвен, а резервниот тим е во бела, црна и црвена. До неодамна се правеа од „Adidas“, но сега производител е „Warrior“. Спонзор е британската банка „Standard Chartered“.

7. Арсенал – 800.000 парчиња годишно.

Клупот е основан во 1886-та година. Играат на „Emirates Stadium“ во Лондон. Дресовите се црвени со бели ракави, а резервниот е жолт. Во моментов се прават од „Nike“, но од следната година влегува во сила договорот со „Puma“. Спонзор е „Emirates Airlines“.

8. Јувентус – 480.000 парчиња годишно.

Клубот е основан во 1897-та година во Торино. Дресовите се во бела и црна боја и се произведуваат од „Nike“. Вториот е жолт.

9. Интер Милан – 425.000 парчиња годишно.

Дресот е со сини и црни ленти и го произведува „Nike“. Спонзор е „Pirelli“.

10. Милан – 350.000 парчиња годишно.

Црвената и црната се боите на тимот од 1899-та година, па наваму. Производител е Adidas, а спонзор е „Emirates Airlines“.