9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал го менува Мојс!?

Ван Гал го менува Мојс!?

LouisvanGaal001

Името на Холанѓанецот, Луис ван Гал се почесто се споменува за евентуален заменик на Дејвид Мојс во Манчестер Јунајтед во текот на летото.

Тензиите над шкотскиот тренер на „црвените ѓаволи“ повторно се кренаа по тешкиот пораз со 0:3 од Манчестер Сити во вторникот вечер. Моментов од „Олд Трафорд“ тврдат дека немаат намера да се разделат со Мојс, но не се знае уште колку ќе трае трпението на сопствениците.

Во исто време Ван Гал ќе остане без работа во текот на летото, кога ќе ја напушти функцијата селектор на Холандија на крајот на светското првенство. Тој се уште не одлучил дали ќе се пензионира, а пред своите познаници посочил дека пред тоа има желба да работи во Англија.

„Ван Гал е еден од најдобрите тренери, кој може да подготви посебен тим. Тој може да ги најде слабостите на секој противник и да ги искористи, бидејќи тој прекрасно ја анализира играта. Луис ги има сите квалитети да успее во Англија, под услов да добие доволно време да се прилагоди. Во Баерн ја освои Бундеслигата и стигна до финалето во лигата на Шампионите со млади играчи како Холгер Бадштубер, Томас Милер и други. Пред тоа никој немаше слушнато за нив, а сега се меѓу ѕвездите на европскиот фудбал“, изјави поранешниот холандски репрезентативец Франк де Бур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП