2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕл Класико - Дерби од 1.160.000.000 евра!

Ел Класико – Дерби од 1.160.000.000 евра!

el klasikos

Ниту едно дерби во светот не е како Ел Класико во кое се сретнуваат Реал Мадрид и Барселона! Дури и во економска смисла. На „Сантијаго Бернабеу“ во недела во 21 часот ќе истрчаат 1.159.500.000 евра, што е дефинитивно апсолутен рекорд во овој момент. Да бидеме прецизни, Реал ќе има состав од 571.400.000 eвра, додека Барселона ќе биде вредна 588.400.000 евра!

Во споредба со останатите гиганти на светскиот фудбал тоа би излгедало вака – Баерн е најблиску и вреди 525.500.000 eвра, потоа следи празен простор од 70 милиони евра, па Манчестер Сити (451.000.000), Челзи (388.700.000), Maнчестер Јунајтед (378.500.000) и ПСЖ (371.200.000).

Доколку Реал и Барса заиграат во најсилните состави, односно предвидените, 22-та играчи на теренот ќе имаат вкупна вредност од 847.000.000 eвра! Односно „кралевите“ ќе играат со состав од 401 милион евра, а пак „каталонците“ од 446 милиони евра.

Според податоците од „Transfermarkt.com“, највреден играч е Лионел Меси со 120.000.000 евра, додека Кристијано Роналдо вреди точно 100 милиони.

На третото место е Герет Бејл (80), a потоа следи Нејмар со 60 милиони, Иниеста кој е проценет на 55 милиони, па Фабрегас (50), Бускетс (45), Серхио Рамос (40) и Пике (36).

Сепак, Реал има посилна клупа – Касилјас, Иско, Варан, Ираламенди, Коентрао, Мората и Казимерио заедно вредат 122.000.000 eвра, a Пинто, Алексис, Педро, Сонг, Адриано, Бартра и Монтоја 112.300.000 или вкупно неверојатни 234.300.000 eвра!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП