17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити подготви 85 милиони евра за Суарез!?

Сити подготви 85 милиони евра за Суарез!?

Liverpool's Suarez celebrates after scoring his side's third goal during their English Premier League soccer match against Manchester United at Old Trafford in Manchester

Шпанските и британските медиуми пишуваат за сензационалниот трансфер кој Манчестер Сити го подготвува за во летниот преоден рок. „Граѓаните“ се подготвуваат да го одврзат ќесето и да го доведат уругвајскиот напаѓач во редовите на Ливерпул, Луис Суарез.

Најверојатно од Сити веќе подготвиле 85 милиони евра за Суарез, најдобриот стрелец на Премиерлигата кој досега посигна 25 голови за Ливерпул и е еден од главните кандидати за најдобар играч во оваа сезона во англиското првенство.

Иако Суарез неодамна изјави дека нема намера да го напушти „Енфилд“, според информациите директорот на Манчестер Сити најверојатно ги направил првите резговори со менаџерот на Уругваецот и огромната понуда за одличниот напаѓач на Ливерпул е веќе подготвена.

Сепак, прашање е дали таа сума ќе биде доволна за раководството на Луверпул, кое веќе цели 24 години ја чекаат титулата во домашното првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП