3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати се паровите за четвртфиналните пресметки во ЛШ

Познати се паровите за четвртфиналните пресметки во ЛШ

pehar liga sampioni 123

Шампионот на Европа, Баерн Минхен ќе гостува во Манчестер против Јунајтед, ПСЖ ќе се сретне со Челзи, Барса ќе игра шпанско дерби со Атлетико, а Реал го дочекува Дортмунд во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Според општото мислење осумте најсилни екипи во Европа се најдоа во ждрепката за четвртфиналето, па и пред извлекувањето беше јасно дека не очекуваат серија интересни пресметки.

Првите натпревари ќе се играат на 1/2 април, додека реваншите се закажани за една недела подоцна или на 8/9 април. Ждрепката за полуфиналето ќе се оддржи на 11-ти април.

Барселона и Атлетико за прв пат играат меѓусебе во Европа, ПСЖ и Челзи само еднаш ги одмерија силите во двомеч, Реал и Дорусија досега одиграа осум натпревари, вклучувајќи го и минатогодишното полуфинале, додека Баерн и Јунајтед играа девет пати, а еден од нив беше и финалето во 1999-та година.

59-тото финале од Лигата на шампионите ќе се игра на стадионот „Луж“ во Лисабон на 24-ти мај.

Паровите за 1/4-финалето од Лигата на Шампионите:

Барселона – Атлетико Мадрид

Реал Мадрид – Борусија Дортмунд

ПСЖ – Челзи

Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП