19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгентот на Манџукиќ замина во Лондон на преговори со Челзи и Арсенал

Агентот на Манџукиќ замина во Лондон на преговори со Челзи и Арсенал

mario-mandzukic-home

Шпекулациите дека напаѓачот на Баерн Минхен, Марио Манџукиќ ќе си замине во текот на летото се засилуваат со секој изминат ден.

Според последните информации агентот на Хрватот, Иван Цветковиќ отпатувал за Лондон за да започне преговори со Челзи и Арсенал за евентуален трансфер на неговиот клиент, тврди „Sky Italia“.

За верување е дека првотимското место на Манџукиќ ќе биде под знак прашалник со доаѓањето на Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд на крајот на сезоната. Па поради тоа Хрватот е сериозно загрижен за својата иднина на „Алијанц Арена“ и затоа веќе размислува за евентуален трансфер.

Интерес за напаѓачот не недостасува, се споменуваат Јувентус, Реал Мадрид и други гиганти, а според последните информации битката за неговиот потпис ќе биде помеѓу лондонските Арсенал и Челзи. И двата тима бараат врвен голгетер, а Манџукиќ се вклопува совршено во нивните желби.

Во оваа сезона, Хрватот повторно се претставува во одлично светло во Бундеслигата. Тој на 23 натпревари успеа дури 17-пати да ја затресе противничката мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП