10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОEtihad Аirways ќе го спонзорира Атлетико Мадрид

Etihad Аirways ќе го спонзорира Атлетико Мадрид

Atletico-Madrid-Center

Раководството на Атлетико Мадрид постигна договор со „Etihad Аirways“ за спонзорски договор, кој изнесува 215 милиони евра и е за период од пет години, соопштува „Euromericas Sport Marketing“. Договорот меѓу двете страни беше официјално потпишан пред неколку дена.

Атлетико Мадрид ќе ја инвестира сумата за брза реконструкција на стадионот, кој ќе го носи името „Еtihad“.

Како што е познато „јорганџиите“ ќе го напуштат актуелниот стадион „Висенте Калдерон“ и ќе се преселат на Олимпискиот стадион во Мадрид, кој е познат како „Ла Пеинета“. Објектот е подложен на сеопфатна реконструкција.

Новиот објект ќе биде подготвен за почетокот на сезоната 2016/2017 и ќе биде со капацитет од 74.000 седишта.

Според договорот, стадионот ќе го носи името на авиокомпанијата во период од 5 години. Па така новиот стадион на Атлетико ќе стане третиот во светот со името „Еtihad“, по тие во Мелбурн и Манчестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП