ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го зема Диего Алвес за втор голман

Барса го зема Диего Алвес за втор голман

DIEGO ALVES1111

Екипата на Барселона ќе се обиде во своите редови да доведе го бразилскиот голман Диего Алвес од Валенсија, соопштуваат шпанските медиуми.

„Каталонците“ ќе имаат корист од фактот дека Алвес има договор со Валенсија до летото 2015-та година и ќе можат да го купат за многу помала сума.

Според информациите се очекува раководството на Барселона за Алвес да даде помеѓу 8 и 10 милиони евра.

Спортскиот директор на „каталонците“ Андони Субисарета веќе стапил во контакт со претставниците на бразилскиот голман, како и со раководството на Валенсија.

Се очекува Диего Алвес ќе биде земен како замена на Хозе Пинто и да биде резерва на новиот и прв голман на Барса, Марк-Андре Тер Штеген.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП