2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧичарито e на чекор од Интер?

Чичарито e на чекор од Интер?

cicarito inter

Екипата на Интер е на добар пат во своите редови да доведе уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед. Во трансфер плановите на клубот се најде и мексиканскиот напаѓач Хавиер Хернандез.

Според „Sport Mediaset“ раководствата на двата клуба се во напредни преговори за договор кој ќе се реализира во текот на летото. „Нероазурите“ и порано биле поврзувани со интерес кон Чичарито, кој е посакуван и од Јувентус.

Доколку се реализира овој трансфер, Мексиканскиот репрезентативец во составот на Интер ќе треба да го замени, Диего Милито, кој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Чичарито има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2016-та година. Од почетокот на сезоната, сепак, тој беше дел од само 16 натпревари на „црвените ѓаволи“ и постигна 2 гола.

Интер веќе потпиша преддоговор со друг играч на Јунајтед. Тоа е Немања Видиќ, кој се согласи да се приклучи на тимот како слободен агент од следната сезона. Медиумите во Италија тврдат дека раководството на „нероазурите“ преговара и со Патрис Евра, чиј договор со „црвените ѓаволи“ исто така истекува на крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП