20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Перси го „сруши“ Олимпијакос, Борусија и со пораз четвртфиналист

Ван Перси го „сруши“ Олимпијакос, Борусија и со пораз четвртфиналист

van

Холанѓанецот Робин Ван Перси постигна три голови на реванш осминафиналниот дуел со Олимпијакос и му обезбеди на својот Манчестер Јунајтед пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Англискиот шампион на „Олд Трафорд“ имаше тешка мисија да ја надополни негативата од два гола од првата половина од двомечот со атинскиот клуб.

Но, со хет-трикот на Ван Перси (25, 45+1 и 52.минута) не само што ја анулира предноста на Олимпијакос, туку Манчестер обезбеди и вкупна победа од 3:2.

На вториот синоќешен дуел од осминафиналната фаза во елитното натпреварување, Зенит на гостински терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2:1 и достојно ги заврши настапите сезонава на европската сцена.

Оваа победа не беше доволна за изненадување со оглед на победата на Германците на првиот меч со 4:2.

Головите за рускиот претставник ги постигнаа Хулк во 16.минута и Саломон Рондон во 73.минута, а за Борусија погоди Себастијан Кел во 38.минута.

Покрај Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед четвртфиналисти во Лигата на шампионите се и: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Челзи и Баерн Минхен кој е бранител на трофејот.

Жрепката за четвртфиналните двојки ќе биде извршена утре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП