17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочнаа преговорите меѓу Сити и Валдес!?

Почнаа преговорите меѓу Сити и Валдес!?

valde

Голманот на Барселона, Виктор Валдес најверојатно ова лето ќе премине во првенството на Англија, пишува францускиот весник „Екип“ . Во јуни истекува договорот на шпанскиот репрезентативец со каталонскиот клуб, но тој не сака да ја продолжи соработката и сака да ја промени средината.

Најголеми шанси за привлекување на Валдес има Манчестер Сити, каде довербата кон Џо Харт е под знак прашалник.

Раководството на „граѓаните“ веќе одржале прелиминарни преговори со Шпанецот, но сега се очекува и конечната одлука на фудбалерот, кој пред некое време изјави дека сака да ја продолжи кариерата во Англија.

Кон Валдес интерес има и од друг англиски клуб – Ливерпул, како и од францускиот Монако за кој се вели дека имаат усмен договор со голманот на Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП