1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го награди Робен со нов договор

Баерн го награди Робен со нов договор

roben dogovor

Ариен Робен останува во Баерн Минхен. Ова беше потврдено од клубот, кој преку својата интернет страна го промовираше новиот договор на крилото.

Актуелниот договор на холандскиот репрезентативец истекува во 2015-та година, но беше продолжен за уште две сезони или до 30-ти јуни 2017-та година.

„Многу се радувам дека го обновив договорот и ќе продолжам да играм за Баерн и да се бориме за титули. Веќе пет години сум тука и ми претстојат уште три. Ова е доказ дека со моето семејство се чувствуваме многу добро тука. Чувствувам задоволство додека играм за Баерн, а надевам дека ќе освоиме уште многу трофеи заедно“, објасни Робен.

„Драго ни е што го затворивме успешно ова прашање. Ариен е величествен фудбалер. На финалето од Лигата на шампионите на „Вембли“, тој покажа што значи за нашиот клуб. Робен е еден од лидерите на нашата екипа“, објасни Карл-Хајнц Румениге.

Робен игра во Баерн од летото 2009-та година, кога беше доведе од Реал Мадрид за 25 милиони евра. Холанѓанецот имаше клучен придонес за триумфот на „баварците“ во минатото издание на Лигата на шампионите.

Во оваа сезона холандскиот репрезентативец има одиграно 20 натпревари за Баерн, а притоа реализираше 10 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП