24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМакедонската компанија ,,CodeWell" претстави нова подобрена верзија на апликацијата ,,Word Well"

Македонската компанија ,,CodeWell” претстави нова подобрена верзија на апликацијата ,,Word Well”

untitled

Македонското студио за развој на мобилни апликации, CodeWell, Ви ја претставува својата нова подобрена верзија на апликацијата Word Well – од денеска официјално достапна на App Store !

Word Well е забавна puzzle игра – сложувалка, во која целта е составување на што подолги зборови во било која насока – хоризонтално, вертикално или дијагонално. Новата верзија нуди повеќе модови и функционалности, а со самото тоа и повеќе забава.

Музиката за промо видеото,  достапно на следниот линк  http://www.youtube.com/watch?v=QM8lkyyDrRk  е превземено  од интрото на албумот Африка на Суперхикс.

fb_cover_quote_stevejobs

Играта има различни специјални бонуси за секој мод кои можат да се добијат доколку корисникот има доволен број на поени или едноставно да се купат.

Постојат 4 модови на играта:

Strategy mode: каде што корисниците не се ограничени со време, а целта е да се состави подолг збор за добивање на што повеќе поени. Постојат 20 потези кои можат да се дополнат со специјален бонус  “+5 Steps”  односно 5 дополнителни обиди.

Free mode: Целта на овој мод  е да се соберат цитатите од најпознатите светски научници, артисти и автори. Времето е неограничено, а корисниците треба да соберат букви, кои формираат зборови, и истите потоа  формираат цитати. Специјалниот бонус “Fill letter” може да помогне корисникот да ја дополни и открие буквата во цитатот и на тој начин тој го отклучи тој цитат во Quotebook (Книгата со цитати).

Survival mode: Целта е за период од 40 секунди корисникот да преживее што подолго. Со составувањето на зборови времето се зголемува, а целта е во наведеното време пулсот да се одржи во нормала. Специјалниот бонус “Medicine”, додава дополнителни 10 секунди кои можат да се искористат само еднаш.

Time mode: Постои временско ограничување од 60 секунди, а корисникот може да купи само еднаш бонус од дополнителни 10 секунди.

insta_tough

Играта е наменета за сите возрасти и нуди забава и содржина која го заробува вниманието на корисниците.

Но, она што навистина ја разликува оваа од другите игри базирани на составување на зборови е тежината! Предизвикајте се себеси и составете што повеќе зборови !

Апликацијата е достапна на следниот линк:

https://itunes.apple.com/mk/app/wordwell/id591369961?mt=8

table

Следете ги вашите неделни и вкупни резултати, споредувајте, споделувајте со Вашите пријатели и покажете му на светот колку сте добри во составувањето на зборови!

 

Верзија е компатибилна е со iPhone, iPod touch и iPad. Работи на верзија iOS 7.0 и понови. Оваа апликација е оптимизирана за iPhone 5.

 

Социјалните профили на играта:

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП