3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW и Mercedes ќе го намалуваат бројот на платформи

BMW и Mercedes ќе го намалуваат бројот на платформи

BMW-Mercedes33

Откако „Folkswagen“ успешно ја лансираше својата нова модуларна „MQB“ платформа, која со својата флексибилност нуди големи можности, дознаваме дека и „BMW“ и „Mercedes“ се одлучиле на слични потези и во наредниот период значително ќе го намалат бројот на своите платформи.

„BMW“ во иднина ќе користи само две модуларни платформи за своите модели. Првата ќе биде резервирана за моделите со преден погон, а другата за сите со заден погон, додека новите „i3“ и „i8“, кои не се вклопуваат во овие планови, ќе бидат градени одвоено, ова го соопшти членот на одборот на „BMW“, Херберт Диес.

Моментално, „BMW“ располага со пет основни платформи: „FWD“ платформата за „MINI“ и „FWD BMW“ „Ѕеrieѕ 2 AT“; платформата за „X1“ и „Ѕeriеѕ 1, 2 и 3“, поголемата за „Ѕerieѕ 5, 6 и 7“ и „Rolls-Royce Ghoust“, една за „X3“ и „X4“ кросоверите и една за „X5“ и „X6“ кросоверите.

Покрај платформите, возилата исто така ќе ги делат и електронските системи и компоненти.

„Употребата на компонентите од поголемите автомобили во малите е многу скапа, но нам тоа ќе ни овозможи техничките карактеристики на автомобилите од сериите 3, 4, 5 и 7 да ги искористиме во помалите автомобили“ се вели во соопштението на „BMW“.

„Mercedes“ исто така ќе тргне по сличен плат, па во однос на 9-те платформи, колку што имаа пред пет години, своето производство ќе го ограничат на четири.

Во најновата понуда ќе се најде „MFA“ платформата за моделите со преден погон и кросоверите, „MRA“ за возилата со заден погон и кросоверите од новата генерација како што е „GLK“; „MHA“ за средна класа на автомобили и големите кросовери и „MSA“ зa спортските автомобили како што се „SL“ и „SLK“.

Во „Mercedes“ се сигурни дека овој потег ќе биде многу исплатлив и дека на компанијата ќе и овозможи лансирање на голем број нови возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП