2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Останувам во Баерн додека Хенес не излезе на слобода

Гвардиола: Останувам во Баерн додека Хенес не излезе на слобода

guardiola_empics

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола во интервју за „Ел Мундо Депортиво“ изјави дека сака да остане во баварскиот клуб се додека претседателот Ули Хенес не излезе од затвор.

– Останувам во Баерн се додека Хенес не биде на слобода. Сакам да дадам се од себе за клубот. Мојот сон е да бидам тука кога претседателот ќе се врати.

Без него сите успеси, се ова што е постигнато ќе беше невозможно, потенцира шпанскиот стручњак и предводник на Баерн Минхен.

Претседателот на клубот минатата недела е осуден на три и пол години затвор поради затајување данок.

Тој призна дека 27,2 милиони евра не и пријавил на државата така што своето богатство го скрил во банка во Швајцарија.

Хенес се изјасни за виновен, а по донесувањето на пресудата изјави дека казната што ја добил е заслужена и додаде дека неплаќањето данок е неговата најголема грешка во животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП