3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ со „дабл-дабл“ за продолжување на победничката серија на Атланта

Антиќ со „дабл-дабл“ за продолжување на победничката серија на Атланта

antic

Тимот за која настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ се наоѓа во серија од четири победи по ред.

Атланта ноќеска на гостински терен го победи Шарлот со 97:83. Антиќ повторно имаше значаен придонес во успехот на неговиот тим. Забележа „дабл-дабл“ ефект, 11 поени и 10 скокови за 28 минути поминати на теренот.

За Атланта ова воедно беше 11.та победа по ред против Шарлот, серија која започна на 11 април 2011 година.

Сезонава скорот во меѓусебните дуели е 3:0 за „јастребите“.

Резултати на другите НБА натпревари одиграни ноќеска: Индијана – Филаделфија 99:90, Бруклин – Феникс 108:95, Чикаго – Оклахома Сити 85:97, Хјустон – Јута 124:86, Далас – Бостон 94:89 и Денвер – ЛА Клиперс 110:100.

Вечерва играат: Кливленд – Мајами, Атланта – Торонто, Портланд – Милвоки, Сакраменто – Вашингтон и Голден Стејт – Орландо.

Пласман Источна конференција: Индијана 50-17 (победи-порази), Мајами 45-19, Торонто 37- 28, Чикаго 37-30, Вашингтон 35-31, Бруклин 34-31, Шарлот 33-35, Атланта 30-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 50-16, Оклахома Сити 49-18, ЛА Клиперс 48-21, Хјустон 45-22, Портланд 43-24, Голден Стејт 42-26, Далас 41-27, Мемфис 39-27,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП