21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул подготви 25 милиони за Родриго

Ливерпул подготви 25 милиони за Родриго

Rodrigo-moreno-machado

Раководството на Ливерпул е подготвено да извади 25 милиони фунти за купување на напаѓачот на Бенфика – Родриго. 23-годишниот фудбалер се запиша во листата на стрелци во победата со 3:1 над Тотенхем во текот на изминатата недела во Лига Европа.

Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс го следи Родриго во оваа сезона и е подготвен да води битка за играчот во текот на летото.

Фудбалерот на Бенфика е роден во Бразил, но има настапувано за младинските национални селекции на Шпанија ( до 19 и до 23 години ). Играчот пристигнува на Пиринејскиот полуостров уште како адолесцент – и се приклучи во Селта Виго, а потоа во Реал Мадрид. Во 2010-та година го облекува дресот на Бенфика. Во сезоната 2010 /11 оди на позајмица во Болтон, каде постигна еден гол за 21 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП