2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукаку е жртва на желбите на Мурињо

Лукаку е жртва на желбите на Мурињо

lukku13

Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо ги крои плановите за да го засили нападот со доведување на Диего Коста или Радамел Фалкао, а поради тоа ќе биде продаден Ромелу Лукаку.

Пред оваа сезона во медиумите многу се говореше за недоразбирањето на релација Мурињо-Лукаку, па „Специјалниот“ го реши проблемот така што го прати напаѓачот на позајмица во Евертон, а како што стојат работите тој во иднина не планира на белгискиот интернационалец.

Португалецот најави дека сака освежување во нападот, а не е тајна дека ги посакува најдобрите голгетери во моментов, Коста и Фалкао.

Лукаку исто така котира како напаѓач од светска класа, млад е, има само 20 години, па од неговата продажба може и добро да се заработи.

Бидејќи игра одлично во дресот на Евертон, нема сомневање дека списокот на заинтересирани кандидати кои го посакуваат во своите редови, ќе биде долг.

Неговата цена на пазарот е проценета на околу 25 милиони евра, а договорот со Челзи му истекува во јуни 2016-та година.

Медимите на „Островот“ не ја отфрлаат можноста белгискиот репрезентативец да се пресели во Атлетико Мадрид како дел од трансферот за Диего Коста, на сличен начин како што тоа го направи Челзи со Немања Матиќ во 2011-та година, кога тој беше продаден во Бенфика, а во Лондон пристигна Давид Луис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП