5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИднината на Сидорф зависи од резултатот против Лацио

Иднината на Сидорф зависи од резултатот против Лацио

sidorf baloteli

Столицата на тренерот на Милан, Кларенс Сидорф почна да се клати се повеќе по четвртиот последователен пораз на „росонерите“ во сите натпреварувања. Во текот на викендот Милан загуби дома од Парма (2:4), по што холандскиот стратег имаше средба и со навивачите на тимот.

Според гласини во италијанските медиуми претседателот Силвио Берлускони бил многу лут по поразот од „млекарите“ и имал вонредна средба со потпретседателот Адријано Галијани, на која дискутирале за евентуалното разрешување на Сидорф. Сепак тие дошле до решение и одлучиле да му дадат уште една шанса на Холанѓанецот.

Ако Милан загуби и на гостувањето кај Лацио овој викенд, Сидорф би можел да биде отпуштен по само 2 месеци на чело на „росонерите“. Холанѓанецот го наследи Масимилиано Алегри на клупата на 18-кратниот шампион и до овој моментов оствари 4 победи, едно реми и 7 порази. Како негов заменик веќе се споменува Пипо Инзаги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП