5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба несака да се врати на „Олд Трафорд“

Погба несака да се врати на „Олд Трафорд“

Paul Pogba-815153

Англиските медиуми пишуваат дека на младиот играч на Јувентус, не му паѓа на ум да се врати во Манчестер Јунајтед, иако се споменува сума од 35 милиони фунти.

Името на Пол Погба е едно од бројните имиња на листата на желби на Мојс, но најверојатно оваа нема да му биде исполнета.

20-годишниот Французин во 2012-та година си замина од „Олд Трафорд“, а тоа е оценето како една од најголемите грешки на Алекс Фергусон, па одредени лица од клубот сакаат да ја поправат оваа грешка на искусниот шкотски стратег.

Раководството на клубот му даде на Мојс на располагање 35 милиони фунти за доведување на Пол Погба, еден од најперспективните играчи од средниот ред во Светот, но самиот играч нема намера да се врати таму каде што веќе еднаш бил избркан.

Медиумите шпекулираат дека неговата следна дестинација може да биде Реал Мадрид и дека Зинедин Зидан веќе започнал да го убедува да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.

Одредени лица од раководството на Јувентус се скептични за останувањето на Погба во Торино, сметајќи дека во летниот преоден рок за него ќе пристигнат понуди кои неможе да се одбијат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП