19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве го договара трансферот на Манџукиќ, Баерн бара 30 милиони?

Јуве го договара трансферот на Манџукиќ, Баерн бара 30 милиони?

mario-mandzukic-2003

Марио Манџукиќ од следната сезона би можел да игра за Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.

Не е вест дека Јувентус и тренерот Антонио Конте го сакаат Манџукиќ, но вест е дека „старата дама“ знае колку треба да му плати на Баерн за хрватскиот напаѓач – 30 милиони евра.

Јувентус за Манџукиќ планираше да потроши 20, максимално 25 милиони евра, но „баварците“ првиот стрелец на тимот не планираат да го продадат за помалку од 30 милиони. Шампионот на Италија се надева дека со доаѓањето на Левандовски во Минхен, клубот би можел да ја намали цената на Манџукиќ, а парите ќе ги обезбедат од продажбата на Мирко Вучиниќ и Фабио Кваљарела.

Во Торино веќе имаат подготвен договор за „СуперМарио“. Тој би требало да потпише до 2017-та година со можност за продолжување на уште една година и тоа за поголема плата од таа што ја има во Баерн.

Сепак, Јувентус мора да биде внимателен, Арсенал и Реал исто така ја следат ситуацијата со Манџукиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП