2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМорено го претпочита „кралскиот клуб“ пред Манчестер Јунајтед

Морено го претпочита „кралскиот клуб“ пред Манчестер Јунајтед

alberto moreno

Левиот бек на Севиља, Алберто Морено признал пред своите соиграчи дека ќе премине во Реал Мадрид во текот на летото. Шпанецот беше следен и од Манчестер Јунајтед, кој бара заменик на Патрис Евра, но очигледно тој ја претпочита понудата на „кралевите“.

21 -годишниот фудбалер е меѓу главните фигури на „андалузијците“, откако дебитираше за првиот тим во 2012-та година. Со своите настапи, тој го привлече вниманието на многу тимови од Стариот континенти, но очигледно Морено несака да си замине од Шпанија.

Во договорот на Морено има ослободувачка клаузула во вредност од 30 милиони евра, но најверојатно од клубот ќе се задоволни и со понуда од околу 15-18 милиони евра.

Јунајтед се уште има шанса да го земе Морено, кој сепак е одлучен кариерата да ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП