26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari отвора свој тематски парк во Шпанија (видео)

Ferrari отвора свој тематски парк во Шпанија (видео)

ferrari land1

По тематскиот парк „Ferrari World“ кој е изграден во 2010-та година во Абу Даби, и Европа ќе добие свој сличен комплекс – „Ferrari Land“. Новиот забавен парк ќе биде посветен на популарниот италијански производител на автомобили и ќе се наоѓа во одмаралиштето Порт Авентура во близина на Барселона.

Како што беше соопштено, „Ferrari Land“ ќе се простира на 75.000 квадрадни метри. Во рамки на паркот ќе се наоѓа и најголемиот и најбрзиот ролеркостер во Европа, хотел со пет ѕвезди кој ќе има 250 соби, ресторан, како и симулатори за возење на „Ferrari“ автомобили.

„Ferrari“ ја одбра токму ова локација за својот тематски парк, затоа што Порт Авентура годишно привлекува 4 милиони туристи, од кои половината се гости од странство.

Како што соопштија од компанијата целиот проект ќе ги чини околу 100 милиони евра, a во продолжение можете да го погледнете видеото со кое беше најавен паркот во Абу Даби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП