3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТри ипол години затвор за Ули Хенес

Три ипол години затвор за Ули Хенес

Ulrich Hoeness Appears In Court Accused Of Tax Evasion - Day 4

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес е осуден на три ипол години казна затвор поради избегнување на плаќање данок од скоро 30 милиони евра во последните десет години.

Хенес сам се предаде на властите и призна дека не пријавил данок осум пати поголем од што властите претпоставуваат, надевајќи се дека тоа ќе го спаси од затворска казна.

Јавното обвинителство во Минхен, за Хенес бараше затворска казна од 5 ипол години, но судот одлучи таа да биде три ипол. Со оваа пресуда Хенес сигурно ќе остане и без функцијата претседател на актуелниот шампион на Европа.

Хенес стори кривично дело со кое според германскиот закон неможе да се добие условна казна, а во негова корист не беше ништо, затоа што станува збор за едно од најголемите затајувања на данок во историјата на државата.

„Немам што да кажам, се што имав веќе го реков“, изјави Хенес напуштајќи ја судницата во Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП