6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити: Џеко си заминува за 15 милиони фунти

Сити: Џеко си заминува за 15 милиони фунти

edin-dzeko-49

Раководството на Манчестер Сити имало средба со напаѓачот Един Џеко. По неа станало јасно дека репрезентативецот на БиХ нема да се противи и ќе си замине во текот на летото.

Сепак, има еден основен услов од страна на „граѓаните“. Според англиските медиуми, сите клубови кои се заинтересирани за Џеко ќе мораат да ја платат сумата од 15 милиони фунти.

Таквиот износ не е според можностите на огромен дел од европските тимови, што доста ги скратува опциите пред Џеко. Сепак, една од опциите пред него е Интер.

Според англиските медиуми, освен „нероазурите“, интерес кон напаѓачот има уште од Арсенал, Борусија Дортмунд и Наполи, но се ќе биде познато во текот на летниот преоден рок.

Договорот на Џеко со Сити е до летото следната година, но од раководството го известиле дека немаат намера да го продолжат.

Џеко дојде на „Етихад“ во текот на зимата на 2011-та година и оттогаш игра со доста променлив успех, но рецензентите се главно позитивни.

За Босанецот беа платени околу 32 милиони евра на неговиот претходен клуб Волфсбург.Сега од Сити ќе сакаат да си вратат барем половина од износот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП