15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПаласио го обнови договорот со Интер

Паласио го обнови договорот со Интер

palacio1

Аргентинскиот фудбалер Родриго Паласио го обнови договорот со Интер. Тоа го потврди лично 32-годишниот фудбалер пред медиумите.

Новиот договор на Паласио со „нероазурите“ е до летото 2016-та година.

Во оваа сезона Паласио одигра 27 натпревари во дресот на Интер, а притоа реализира 12 гола. Покрај тоа, тој беше асистент за уште 5 од погодоците на „нероазурите“.

„ Го обновив договорот со Интер за уште две години. Потоа ќе видам што ќе се случи со мојата кариера. Пред мене секогаш стои опцијата да играм за Бока“, коментира Паласио.

„Се надевам дека ќе играм на Светското првенство во Бразил. Тоа ќе биде неверојатно голема награда за мене“, рече уште Аргентинецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП