2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси постави нов рекорд

Меси постави нов рекорд

Lionel-Messi

Најдобриот играч на Барселона Лионел Меси го постигна првиот гол синоќа во победата над Манчестер Сити и стана фудбалер со најмногу постигнати голови за еден клуб во Лигата на шампионите.

За Аргентинецот ова беше 67 гол во елитното натпреварување, со што го помина Раул кој за Реал Мадрид има 66 реализации, но шпанскиот интернационалец се уште води на листата најдобри стрелци со 71 погодок, бидејќи има уште пет реализации во дресот на Шалке.

Задоволен од прикажаната игра Меси по дуелот со Манчестер Сити изјави дека со пласманот во четвртфиналето првата цел била исполнета и додаде дека Барселона била повторно онаа старата какава што навивачите очекуваат да ја гледаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП