2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT 500 L има проблеми со автоматскиот менувач

FIAT 500 L има проблеми со автоматскиот менувач

fiat 500l usa 11

„FIAT“ на вонреден сервис ќе провери скоро 20.000 примероци на моделот „500L“ поради проблеми со автоматскиот менувач со двојно квачило. Од вкупниот број на спорни возила, 18.100 се наоѓаат во САД, додека 1.400 се испорачани на пазарот во Канада.

Во соопштението по повод повлекувањето на автомобилите се наведува дека некои од возачите имале проблем со исфрлување на менувачот од „P“ позиција. Исто така, кај некои од возилата менувачот воопшто не реагирал на дадената команда или реакцијата била забавена.

Во компанијата се сомневаат дека проблемот настанал во функционирањето на микроконтролерот поради екстремните температури. Сите спорни возила ќе бидат прегледани за да се елиминира недостатокот.

Соопштено е дека околу 20 проценти од вкупниот број на повлечени автомобили, се уште се наоѓаат во продажните салони. Досега не е забележана ниту една сообраќајна незгода, ниту некој е повреден во моделот „FIAT 500L“ поради проблемот со менувачот со двојно квачило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП