3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс му го „краде“ Мората на Венгер!?

Мојс му го „краде“ Мората на Венгер!?

alvaro-morata-900

Младиот талент на Реал Мадрид, Алваро Мората е едно од најспоменуваните имиња на Островот во последните денови. Откако се појави информацијата според која Арсенал е подготвен да даде 30 милиони евра за фудбалерот на „кралевите“, сега излегоа гласини дека и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за младинскиот репрезентативец на Шпанија.

Се шпекулира дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ Дејвид Мојс „фрлил око“ на Мората, а се очекува во скоро време раководството на Јунајтед да испрати својата официјална понуда и да стапат во преговори со Реал Мадрид.

Истовремено неименувани извори откриваат дека „кралевите“ немаат ни најмала желба да се разделат со потенцијалната ѕвезда. Блиски извори велат дека тренерот на тимот, Карло Анчелоти, инсистира Мората да биде задржан на „Сантијаго Бернабеу“.

Од друга страна, има и трет англиски тим кој учествува во наддавањето за Мората, а тоа е екипата на Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП