6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ и Барселона со победи го заверија пласманот во следната фаза

ПСЖ и Барселона со победи го заверија пласманот во следната фаза

barsa

Екипите на Пари-Сен Жермен и на Барселона остварија уште по една победа во осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите и на убедлив начин се пласираа во четвртфиналето. И двете екипи синоќа славеа со идентични 2:1.

Головите за ПСЖ на „Паркот на принцовите“ во Париз ги постигнаа Маркињос во 13 и Езекуел Лавеци во 53.минута, додека Сидни Сам погоди за Баер Леверкузен.

При резултат 1:1 Симон Ролфс не реализира пенал и пропушти шанса да му донесе во тој момент водство
на гостинскиот тим.

На првиот дуел во Германија францускиот претставник победи со 4:0 и со вкупни 6:1 оди понатаму.

На „Камп Ноу“ во Барселона гостуваше Манчестер Сити кој се обиде, но не успеа да ја анулира предноста на шпанскиот првак од дуелот во Англија кој гостите го добија со 2:0.

Барселона прва поведе преку Меси (61.минута), Винсент Компани изедначи (89), а Дани Алвеш (90+1) пред самиот крај им донесе нова победа на Каталонците или вкупно на двете средби 4:1.

Во вторникот пласман меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување обезбедија Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.

Преостанатите четири реванши ќе се одиграат на 25 и 26 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП