9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе разгорува „битката“ за Беговиќ

Се разгорува „битката“ за Беговиќ

Asmir-Begovic-006

Голманот на Стоук, Асмир Беговиќ се наоѓа на листата на желби на тренерот на Реал, Карло Анчелоти, кој за него е подготвен да одвои 15 милиони фунти.

Голманот на репрезентацијата на БиХ се споменува како замена за Диего Лопес, кој се наоѓа на „мета“ на Милан, а се ќе биде познато по Светското првенство во Бразил.

Искусниот Италијанец сакаше да го доведе Беговиќ уште додека го водеше Челзи, па и по доаѓањето во Мадрид се распрашуваше за цената на 26-годишниот голман. Според информациите, од Стоук ќе бидат задоволни со споменатата цена.

Беговиќ веќе четири години го брани голот на тимот од „Британија стадион“, а проблем за „кралевите“ би можел да биде фактот дека за него веќе подолго време се интересираат и ривалите од Манчестер. Се очекува „ѓаволите“ и „граѓаните“ да реагираат и пред Мундијалот во Бразил.

Претседателот на Стоук, Питер Коутс смета дека на сите мора да им биде јасно дека Беговиќ е најдобриот голман во Премиерлигата.

„Сметам дека Асмир со своите настапи во минатото ја заслужи титулата најдобар голман во лигата. Тој е премногу вреден и сака секогаш да настапува на највисоко ниво. Нормално несакам да ги продавам моите најдобри играчи, очаен сум кога тоа го правам, но човек мора да биде реален“, вели Коутс.

Нова можност да се докаже дека е голман за големи дела, Беговиќ ќе има за три месеци во Бразил, каде репрезентацијата на БиХ ќе ги одмери силите со Аргентина, Нигерија и Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП