26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗлатен Mercedes за оние со подлабок џеб (фото+видео)

Златен Mercedes за оние со подлабок џеб (фото+видео)

goldmercedes1

Автокуќата „Сarlsѕon“ во Женева го претстави првиот автомобил од специјалната класа на „Mercedes“ прекриен со златни листови.

Повеќе од илјада златни листови биле потребни да се прекрие каросеријата на овој посебен модел „Mercedes сlaѕѕ CS50“, a моделот е произведен во само 25 примероци.

goldmercedes2

„Со ова возило им се обраќаме на купувачите во Азија и на Блискиот исток“, изјавија претставниците на „Сarlsѕon“ и додадоа дека веќе десет златни автомобили се одредени за многу богати купувачи.

Повеќе од 50 проценти од каросеријата е прекриена со злато, како и воланот и контролната табла. Целата процедура трае 14 дена, по што златните делови се прекриени со сјаен лак.

gold mercedess

Златото кое се користело за внатрешниот дел од автомобилот е вредно 12.000 евра.

Новиот модел „Сarlsѕon CS50 Versailles“ се продава по цена од 359.000 евра, а името Версај го доби според луксузниот француски кралски дворец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП