3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако ќе изгледа дигиталниот живот во 2025-та година

Како ќе изгледа дигиталниот живот во 2025-та година

ljuge mreza11

Експертите предвидуваат дека интернетoт ќе стане „како електрична енергија“ – ќе биде помалку видлив, но суштински повеќе вклучен во животот на луѓето.

„PewResearch Internet Project“ има собрано 2558 мислења на експерти во областа на „ИТ“ во однос на иднината на дигиталните технологии во 2025-та и начините на кои тие ќе продолжат да влијаат на општествениот живот, споделувањето на информации и потрошувачката на медиумските содржини. Според заклучоците од оваа студија, фасцинантно е тоа колку испитаните познавачи се согласуваат во своите проценки. Имено, мнозинството од испитаниците веруваат дека веќе за десет години интернетот ќе биде дел од животната средина или на човековите секојдневни средини, и дека неговите корисници речиси интуитивно и незабележливо ќе влегуваат во мрежата, која ќе биде вградена во сите нешта околу нас, од техниката, па се до облеката.

Еве ги 15-те најважните заклучоци од оваа студија:

1. Размената на информации на интернет ќе бидат толку испреплетена со нашиот секојдневен живот што ќе стане имплицитно.

2. Дистрибуцијата и употребата на интернетот ќе постигне такви размери што вмрежување ќе се ефектира врз подобри меѓународни врски, разбирање и зголемување на толеранцијата.

3. Вештачката интелигенција, големата количина на обработени податоци и „Интернет на нештата“ (Internet of Things) ќе ви помогнат за подобро разбирање на себеси и нашето однесување.

4. „Променетата“ реалност или физичката средина во која тие ќе бидат вметнати во дигитални слики и податоци со „гаџетите“ кои ги следат и забележуваат нашите телесни функции во реално време, ќе го променат односот кон личното здравје.

5. Политичка свест на населението ќе биде поголема во мрежната животната средина, и потребата за активна работа и мирни протести, како што е Арапската пролет, ќе бидат поголеми.

6. Важноста на физичките државни граници ќе биде се помала, бидејќи луѓето ќе создадат свои нови „нации“ според сопствените потреби.

7. Еден Интрернет ќе се размножи во интернети, односно дискусија на правилата на употреба, контрола, пристап и почитување на приватноста, па ќе доведе до создавање на неколку нови мрежи.

8. Ќе се случи револуција во образованието: ќе се создаваат повеќе нови работни места, но ќе се намали потребата за класичен тренер – професор, а помалку пари ќе се трошат на училишните простории и училишен прибор.

9. Поделбата помеѓу „оние кои имаат многу“ и „оние кои немаат ништо“ ќе биде се поголема во ерата на консумеризмот и можно е дека тоа ќе доведе до нов вид на физички конфликт.

10. Ќе еволуираат и „веб насилниците“, бидејќи природата на човекот во суштина не се менува, само каналите на неговата презентација. Потребата за навредување, кражба, воајеризам, обвинување ќе се појават во нови, досега невидени методи.

11. Под притисок од развојот на тој дигитален криминал, но понекогаш ќе го користат како изговор, владите на многу земји, како и големите меѓународни корпорации, ќе се обидат да стигнат до целокупна контрола и моќ во мрежата и повремено во тоа ќе успеваат.

12. Заштитата на обичните интернет корисници ќе бидат целосно компромитирана. Само одбрани и финансиски обезбедени поединци ќе имаат можност навистина да ја заштитат својата приватност на интернет.

13. Луѓето во одредени ситуации нема да можат доволно брзо да одговорат на предизвиците кои пред нив ќе ги постави комплексната мрежа. Ќе се случуваат ситуации кои преку мрежа ќе ја оттргнат контрола и ќе бидат премногу брзи за човечкиот одговор во реално време.

14. Веќе сега се случуваат промени на социјалните мрежи, но мнозинство за тоа се уште не е свесно. Системски се менува нашето разбирање на човековата природа, општество, уредувањето и политиката. Иако се уште не се утврдени одговори на клучните прашања, полека се добива увид во колективната свест на човештвото.

15. Постои голема разлика помеѓу постојаниот увид во клучните податоци кои ќе влијаат на идните промени и приоритетните предвидувања: „Најдобар начин да се предвиди иднината е таа да се измисли“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП