22 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВилјаш-Боаш се сели во Санкт Петербург!?

Вилјаш-Боаш се сели во Санкт Петербург!?

villas boas zenit

Рускиот прволигаш Зенит му понудил четиригодишен договор на португалскиот тренер Андре Вилјаш-Боаш, објави италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио од „Скај Италија“.

Според информациите, 36-годишниот португалскиот тренер добил покана да седне на местото на Лучијано Спалети, кој вчера беше отпуштен од клубот од Санкт Петербург. Во моментов привремено на чело на Зенит е поранешниот руски репрезентативец Сергеј Семак.

Вилјаш-Боаш во моментов нема ангажман. Тој беше отпуштен од Тотенхем во декември 2013-та година по поразот на неговиот тим со 0:5 од Ливерпул во 15-тото коло од Премиер лигата. Во неговата тренерска кариера Португалецот бил на чело на националниот тим на Британските Девствени Острови, Академик Коимбра, Порто и Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП