4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн и Атлетико први четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Баерн и Атлетико први четвртфиналисти во Лигата на шампионите

bnayern

Екипите на Баерн Минхен и на Атлетико Мадрид се првите кои обезбедија пласман во следната фаза (четвртфинале) во Лигата на шампионите.

На синоќешните реванш осминафинални дуели и двете екипи ја сочуваа предноста од првиот натпревар.

Во Минхен на „Алијанц Арена“ Баерн одигра 1:1 со Арсенал и благодарение на победата од 2:0 во Лондон го елиминираа премиерлигашот.

Голот за Баварците го постигна Бастијан Швајнштајгер во 55.минута, а по две минути Лукас Подолски изедначи на 1:1.

Во финишот на натпреварот Томас Милер не искористи пенал за евроспкиот првак Баерн.

Во Мадрид, Атлетико и во реваншот го совлада Милан овојпат со 4:1 или со вкупен резултат 5:1 избори пласман меѓу осумте најдобри екипи.

Диего Коста во 3.минута донесе водство за Атлетико, а во 27.минута изедначи Кака. Во финишот на првиот дел (40.минута) Арда Туран донесе ново водство за домашната екипа, додека головите во вториот дел ги постигнаа Раул Гарсија (70) и Диего Коста (85).

Вечерва се играат два натпреварите: Барселона – Манчестер Сити (2:0 прв натпревар) и ПСЖ – Баер Леверкузен (4:0).

Другите четири реванши од 1/8финалето се играат на 18 и на 19 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП